Отворањето на MEGA Shopping Park во Гевгелија претставува значајна инвестиција и нов импулс за локалната економија, носејќи современ шопинг концепт и бројни нови работни места.
Со цел навремено обезбедување на квалитетен кадар, пред официјалното отворање ќе се организира првиот MEGA Саем за вработување во Гевгелија. На саемот заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се запознаат со компаниите и брендовите што ќе работат во рамките на MEGA Shopping Park и да дознаат повеќе за можностите за кариера во динамична и професионално организирана работна средина.
Саемот е наменет за сите кои сакаат да станат дел од современ и амбициозен деловен амбиент, каде што се вреднува посветеноста, тимската работа и желбата за напредок.
Датумот и локацијата на одржување на Саемот за вработување, како и листата на компании-учесници, ќе бидат објавени наскоро.